Арсенал го ’мерка’ Јан Облак како замена за Петр Чех

Англискиот премиерлигаш Арсенал ја смени својата политика во овој зимски преоден рок и доведе двајца квалитетни фудбалери, Хенрик Мхитарјан и Пјер – Емерик Обамејанг. Ова најверојатно доаѓа по промената на директорот за фудбалски операции во клубот. На оваа позиција е именуван Раул Санлеи, кој има сосема поинаков стил на работа и посакува да состави тим од веќе докажани фудбалери.

На лето на ред е реконструкција на одбраната која ќе започне со доведување на нов голман. Арсенал веќе почна да го бара наследникот на ветеранот Петр Чех (35), а прв „пик“ е Словенецот Јан Облак од Атлетико Мадрид. Неговата отштета изнесува 100 милиони евра, а заинтересиран за Јан Облак е и Пари Сен Жермен.

Се вчитува...