Арсенал го продаде Оспина во Турција

Арсен Венгер е чекор поблизу до останување во Арсенал откако денеска беше обелоденето дека францускиот стратег наголемо планира кои играчи би останале, а кои би си заминале од таборот на лондонскиот клуб во текот на летниот преоден рок. Токму Венгер дал зелено светло за заминување на Давид Оспина, колумбискиот голман кој му беше резерва на Петр Чех и кој ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Фенербахче.

Турскиот гигант се договорил со Арсенал висината на отштетата да изнесува седум милиони евра, a Оспина ќе потпише тригодишен договор за плата од 2,5 милиони евра по сезона и ќе го наследи Волкан Демирел, кој на 35 години е се поблизу до завршување на својата кариера.

Колумбиецот сезонава бранеше само на 13 натпревари за „топчиите“, воглавно во ЛШ и во англиските купови, а по гласните коментари и барања за поголема минутажа Венгер реши што поскоро да ја разреши неговата ситуација и му даде зелено светло за трансфер.

Се вчитува...