Арсенал го сака Арда Туран и уште 25 милиони евра од Барселона – за Белерин

Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да го продаде Хектор Белерин на Барселона, но само под одредени услови. „Топчиите“ за возврат го сакаат турскиот интернационалец Арда Туран да дојде на „Емирати“, а Барселона и дополнително да плати уште 25 милиони евра.

Каталонскиот гигант е во очајна потрага по десен бек, откако Серхи Роберто не се снајде најдобро на оваа позиција, Алеиш Видал е повреден, а потребно е квалитетно решение по заминувањето на Дани Алвеш.

Според информациите од Шпанија, Барселона по секоја цена го сака Белерин на „Камп Ноу“, а и Шпанецот не би имал ништо против да се врати во својот клуб, каде што ја мина познатата школа „Ла Масија“, и на 16-годишна возраст му се придружи на Арсенал.

Се вчитува...