Арсенал го сака Мончи за спортски директор

Англискиот премиерлигаш Арсенал има желба да го доведе Мончи за нов спортски директор на клубот. На иницијатива на менаџерот Унаи Емери, кој работеше со Мончи во Севилја, раководството на „топчиите“ ќе се обиде да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Тој има договор до јуни 2021 година, но сака да си замине од Рома, со оглед дека и немаше можност да оформи тим според своите вкусови. Ги донесе Клајверт и Заниоло, но исто така и не погоди премногу со ангажманот на Н’Зонзи, Карсдоро и Шик, за кои добива критики. Мончи има отштетна клаузула од еден милион евра.

Во Арсенал сметаат дека тандемот Емери – Мончи повторно ќе работи без притисок на „Емирати“ и дека ќе го применува стилот од Севилја. Со мал буџет да се ангажираат млади, но талентирани фудбалери кои би добивале шанса, а потоа би биле продавани за многу поголема сума.

Емери сака да се ослободи од Месут Озил по завршувањето на сезоната, ќе си замине и Арон Рамзи, а се најавува разделба дури и со Лаказет  и со Мустафи. Токму Мончи ќе треба да ги доведе новите засилувања.

Се вчитува...