Арсенал голови примаше, а Алексис Санчез си се смееше…

Арсенал доживеа нова катастрофа од Баерн Минхен, губејќи со 1-5 и на реваншот на „Емирати“. Колата тргна удолу по црвениот картон на Кошиелни, а тоа му деливаше смешно на Алексис Санчез кој во вториот дел беше повлечен од игра. Ова дефинитивно покажува дека Чилеанецот ја загубил самоконтролата и дека сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Медиумите во Англија веќе наголемо пишуваа дека Алексис Санчез има анимозитет кон голем дел од тимот, и дека токму затоа и сака да го напушти Арсенал, а ова уште повеќе ќе го зголеми раздорот. Сигурно ова нема да му го простат ниту навивачите, кои поради голема разочараност вечерва го напуштија стадионот пред последниот судиски свиреж.

Се вчитува...