Арсенал и со резерви го совлада Саутемптон

Арсен Венгер одмори голем дел од стандардните првотимци за реваншот од ЛЕ против ЦСКА Москва, но Арсенал и со комбиниран тим успеа да слави над Саутемптон со 3-2.

Бодовите им беа многу потребни на гостите во битката за опстанок, но „светците“ не успеаја да го искористат отсуството на Озил, Мхитаријан, Кошиелни, Монреал, Велбек, Рамзи, Лаказет … од стартниот тим на Арсенал. Гостите први поведоа, но потоа во финишот од првото полувреме му дозволија на домашниот состав да направи пресврт преку Обамејанг и Велбек.

Чарли Остин во 75. минута израмни на 2-2, но Дени Велбек со својот втор гол донесе радост на „топчиите“, за трета победа во низа на тимот на Арсен Венгер.

Треба да се истакне дека двата тима го завршија мечот со по десет фудбалери, откако во судиското продолжение црвени картони заработија Елнени од Арсенал и Стивенс од Саутемптон.

„Топчиите“ со овој триумф остануваат на шестото место, додека Саутемптон се наоѓа на 18. место кое води во Чемпионшип, со три бода заостанување зад Кристал палас на 17. позиција.

Се вчитува...