Арсенал и Тотенхем во трка за Дани Себалјос

Англиските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем влегоа во трка за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себалјос. Младиот играч за врска, кој беше прогласен за МВП на Европското првенство до 21 година што се одржа во Полска минатата година, ова лето му пристапи на „кралскиот клуб“, но не успеа да се наметне кај тренерот Зинедин Зидан и доби многу мала минутажа во досегашниот тек од сезоната.

Поради неговото незадоволство, се отвора опција тој да замине на позајмица на Островот. Покрај Арсенал и Тотенхем, за услугите на Дани Себалјос интерес појави и италијанскиот калчолигаш Рома.

Реал Мадрид планира да даде зелено светло за заминување на Себалјос, но со вклучена клаузула со која „кралевите“ би можеле да го вратат овој фудбалер назад на „Сантијаго Бернабеу“, како што тоа беше случај со преселбата на Алваро Мората во Јувентус пред неколку години.

Се вчитува...