Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака дополнително да ја засили позицијата лево крило, а откако не успеа да го убеди Винисиус Жуниор да го напушти Реал Мадрид, лондонскиот клуб сега се насочи кон нова голема мета – Кенан Јилдиз.
Не е првпат турскиот репрезентативец да се поврзува со Арсенал, иако досега не дошло до конкретни преговори меѓу клубовите.
Јилдиз целосно е по вкусот на Артета, кој го гледа како идеално засилување за офанзивниот дел од тимот. Иако Арсенал го ангажираше Христос Цолис, Гркот се очекува да има улога на замена за Леандро Тросар во ротацијата.
Јилдиз, пак, важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Серија А и неговиот трансфер сигурно нема да биде евтин. Според информациите од Англија, Арсенал би можел да биде принуден да плати повеќе од 100 милиони евра за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
