Арсенал како Ливерпул…, предност од 2-0 за реваншот во Неапол, победи и на Челси, Бенфика и Валенсија

Арсенал, Челси, Бенфика и Валенсија со предност ќе ги очекуваат реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на Европа по победите во првите пресметки против Наполи, Славија Прага, Ајнтрахт Франкфурт односно Вилјареал.

Арсенал, сосема идентично како Ливерпул против Порто во ЛШ, славеше против Наполи со 2-0 во Лондон со два погодоци уште во првите 25 минути игра. Арон Рамзи во 15. минута донесе водство од 1-0…

А, со автоголот на Кулибали во 25. минута „топчиите“ заокружија и на 2-0.

Челси до триумфот од 0-1 на гостувањето против Славија Прага стигна со голот на Алонсо во 86. минута.

Валенсија до триумфот од 1-3 на гостувањето против Вилјареал, во шпанската пресметка, дојде со два гола во судиското продолжение. Најпрво Данецот Даниел Вас во 91. минута погоди за 1-2, а Гуедес две минути подоцна со својот втор погодок ги постави конечните 1-3.


Бенфика, пак, славеше со 4-2 благодарение на хет-трикот на Жоао Феликс. Двата погодоци за Германците носат надеж за реванш пресметката во Франкфурт.

ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)

АРСЕНАЛ – НАПОЛИ 2-0

Рамзи 15′, Кулибали 25′(аг)

БЕНФИКА – АЈНТРАХТ Ф. 4-2

Жоао Феликс 21′,43′,54′, Диас 50′ – Јовиќ 40′, Пасиенсија 72′

СЛАВИЈА ПРАГА – ЧЕЛСИ 0-1

Алонсо 86′

ВИЛЈАРЕАЛ – ВАЛЕНСИЈА 1-3

Казорла 36′ – Гуедес 6′, 90’+3, Вас 90’+1

Се вчитува...