Арсенал му даде поддршка на Венгер до крај на сезоната

Раководството на Арсенал денес со официјална изјава ја објасни моменталната ситуација околу иднината на нивниот менаџер, Арсен Венгер.

„Потполно сме свесни дека вниманието е фокусирано кон клубот. Ги почитуваме различните индивидуални мислења од фановите, но ние мораме да размислуваме за иднината на клубот. Венгер има договор до крајот на сезоната. Секоја одлука која ќе биде донесена, заеднички ќе биде протолкувана и ќе биде објавена во вистинско време.

Дополнителен притисок нема да ни биде од корист. Мора да се фокусираме да обезбедиме позитивни резултати до крајот на сезоната и место во Лигата на шампиони за наредната година.“ – изјави претседателот на Арсенал, сер Чипс Кесвик.

Фановите на Арсенал веќе со недели се обидуваат да го тргнат Венгер од позицијата менаџер, а декласирањето од Баерн беше како полиен бензин врз оган, откако Ливерпул ги порази на „Енфилд“ неколку дена порано и ги спушти на 5. место на табелата.

Арсенал до крајот ќе има тешка задача да се избори во првите четири екиши на табелата, со оглед на тоа дека треба да се реваншира со Сити, Тотенхем, Јунајтед, додека во последното коло ќе имаат тежок меч против Евертон.

Се вчитува...