Микел Артета нема намера да запре со трошењето пари во пресрет на новата премиерлигашка сезона, „топчиите“ во следните 24 часа ќе го комплетираат трансферот на Конса од Астон Вила вреден 50 милиони фунти, но англискиот репрезентативец нема да биде последно засилување на шампионот за ова лето.
Артета инсистира на ангажман на уште еден врвен офанзивец кој би дејствувал по левата страна по пропаднатиот мегатрансфер на Винисиус, а „план Б“ на „топчиите“ е да се тргне по Кенан Јилдиз од Јувентус.
Турскиот бисер неодамна потпиша нов договор со „старата дама“, но финансиските проблеми на Јувентус поради неиграњето во ЛШ може да го натераат трофејниот италијански клуб на продажба доколку добие вистинска понуда. Свесни дека преодниот рок истекува за десетина дена, „топчиите“ се подготвени да платат огромни 100 милиони евра за да го доведат Јилдиз во своите редови.
На самиот фудбалер му е понуден петгодишен договор за поголема плата од онаа што ја зема во Јуве, но пресудна ќе биде одлуката на „црно-белите“ кои веќе останаа без Душан Влаховиќ, не беа премногу активни летово, па останува да се види дали ќе си дозволат да останат и без убедливо најдобриот играч што го имаат во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
