Арсенал повторно ќе позајмува од Реал Мадрид?

Заминувањето на Месут Озил од Лондон финансиски го растерети Арсенал и ги отвори вратите за доведување нови замилувања. Како што пренесуваат бројни медиуми од Островот, на мета на Артета е Мартин Одегард. Норвешкиот интернационалец бара излез од „Сантијаго Бернабеу“ во потрага по минутажа, а се чини дека Арсенал ќе биде правата дестинација.

На Артета му е потребен креативец и во Одегард го гледа решението за бледата сезона, па несомнено е дека 22-годишникот ќе ја добие потребната улога на „Емирати“. Покрај лондонскиот состав за него постои интерес и од поранешниот клуб, Реал Сосиедад, во чиј дрес блескаше претходната сезона.

Истовремено утрово се појавија и информации дека Реал Мадрид ќе ја преиспита одлуката за позјамица на фудбалерот по елиминацијата во Купот на Кралот. Трансфер-рокот не трае уште долго, па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши младиот играч.

Се вчитува...