Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во сезоната, оној во Комјунити Шилд. Шампионите на Премиерлигата го победија победникот на ФА Купот, Манчестер Сити, со убедливи 3-0.
„Топчиите“ одиграа одлично во Кардиф, „граѓаните“ изгледаа збунети, без идеи, и не е изненадувачки што на крај епилогот е 3-0.
Арсенал така стигна до 18-от Комјунити Шилд, прв од 2023 година. Рекордер е сè уште Манчестер Јунајтед (21 титула).
Веќе по првото полувреме беше јасно дека Арсенал влегува во сезоната многу подобро и дека нема да имаат проблем да слават.
Стрелци беа Рикардо Калафиори по само 23 секунди игра и Каи Хаверц во 28. минута за 2-0 на полувремето.
А, Мартин Едегор во 47. минута погоди за конечни 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
