Фудбалерите на Арсенал имаат водство од 1-0 на полувреме против Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите кое годинава се игра на „Пушкаш арената“ во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Шокантен старт ни донесе финалниот натпревар откако Арсенал по само шест минути игра на „Ференц Пушкаш“ поведе со 1-0 откако прецизно стрелаше мајсторот за финални натпревари Каи Хаверц. Маркињос не успеа на најдобар можен начин да ја исфрли топката, таа се одби од Тросард, а Хаверц бравурозно на првата статива го матираше голманот на „светците“ Матвеј Сафонов.
До крајот на првиот дел актуелниот европски шампион имаше само една полушанса преку Фабијан Руиз во 43. минута кога со глава биеше над голот на Раја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
