Арсенал се спаси од пораз и по негатива од три гола против Бурнемаут

Арсенал успеа да се спаси од пораз во 20. коло од Премиер лигата на гостувањето против Бурнемаут, извлекувајќи и по негатива од 3-0. „Топчиите“ постигнаа три гола во периодот од 70. до 92. минута за конечни 3-3.

Бурнемаут дојде до предност уште во 16. минута со погодокот на Даниелс, а во 20. минута веќе беше 2-0 со голот на Вилсон. Фрејзер во 58. минута стрелаше и за убедлива предност на домашните од 3-0.

All Goals Half Time HD – Bournemouth 2-0… by goloviligaRyan Fraser Goal HD – Bournemouth 3-0 Arsenal… by Zkrisz

Дополнителен проблем за „топчиите“ беа и повредите на Кокелин уште во 28. минута, а потоа и на Кошчелни во 64. минута, по што беа принудно заменети.

Но, сепак, во продолжението, Арсенал не се откажа од обидот да дојде до комплетен пресврт, и успеа во тоа. Најпрво Алексис Санчез во 70. минута намали на 3-1.

Alexis Sanchez Goal HD – Bournemouth 3-1… by alexandru-paul29

Во 75. минута, Перез успеа да го постигне и вториот гол за „топчиите“…

Lucas Perez Goal HD – Bournemouth 3-2 Arsenal… by footballderby

А, конечно во 92. минута Оливие Гиру ги постигна конечните 3-3… Бурнемаут во 83. минута остана и со играч помалку по исклучувањето на Францис, па тоа успеа да го искористи Арсенал и стигна барем до израмнување.

По ова реми Бурнемаут со 25 бода остана на деветтата позиција на табелата, а Арсенал остана на четвртото место со 41 бод. „Топчиите“ се на еден бод минус во однос на третопласираниот Манчестер сити, додека на врвот се Челси со 49 бода и Ливерпул со 44 бода.

Се вчитува...