Арсенал во Германија ја најде замената за Озил

Арсенал оваа сезона ги разочара своите фанови со резултатите и игрите, па раководството на клубот се подготвува за голема реконструкција. Се уште не е официјално потврдено дали ќе има промена на менаџерската функција, но во играчкиот кадар ќе има големи промени. Двајцата најдобри играчи, Алексис Санчез и Месут Озил не потпишуваат договори, па раководството на „топчиите“ полека ги бара нивните замени. Се чини дека веќе успеа да ја пронајде замената за Германецот Озил – и тоа во Германија.

Англискиот премиерлигаш е во преговори со Емил Форсберг, офанзивниот играч за врска на најпријатното изненадување во Бундес-лигата, тимот на Лајпциг, во летниот преоден рок да се пресели на „Емирати“. Се работи за одличен фудбалер, кој умее да асистира и да ја води играта на тимот, а често ги тресе и противничките мрежи. Форсберг е шведски репрезентативец, има 25 настапи за националниот тим и пет постигнати гола.

Арсенал за него е подготвен да понуди 20 милиони фунти и да го доведе во Англија ова лето.

Се вчитува...