Арсенал заинтересиран да го донесе Кутињо

Откако ја напушти Барселона и се врати во Премиер-лигата како позајмен во Астон Вила, практично почна да игра онака како што се очекува од него. Тимот од Бирмингем има намера да го откупи на крајот од сезоната за 15 милиони евра, меѓутоа екипата предводена од Стивен Џерард ќе има конкуренција во неговиот потпис.

Според најновите информации, сега и Арсенал ќе се вклучи во трката за потписот на Бразилецот, кој „блескаше“ во Ливерпул, а потоа се пресели во Барселона каде што имаше голем пад. Беше на позајмица и во Баерн Минхен, а откако не се снајде во „Каталонците“ беше испратен во Астон Вила оваа зима.

Барселона за 135 милиони евра го купи Кутињо од Ливерпул, а сега неговата сума е околу 18 милиони евра.

Се вчитува...