Екипата на Арсими лошо ја стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со убедлив пораз од 5-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
Токму поради веќе сериозно активирани се размислувањата меѓу раководството на клубот за промена на тренерската функција уште на стартот од сезоната.
Според нашите информации, Арсими му понудил на Љупчо Марковски – Калц да биде новиот шеф на стручен штаб на клубот, па сега се чека одговорот од искусниот стратег околу прифаќање на понудата.
Љупчо Марковски – Калц, има најголеми заслуги за прволигашкиот статус на Шкендија Арачиново, но неколку кола пред крајот на претходната сезона тој се повлече од тренерската функција. Претходно во кариерата беше тренер и во младинските академии на Вардар, но и на Скопје и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
