Aрсими и Башкими без голови на полувреме

Фудбалерите на Арсими и Башкими играат без голови 0-0 на полувреме во воведниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во првата половина од првото полувреме двата тима беа внимателни и сето тоа не ни донесе поголеми шанси. Првата посериозна шанса на мечот имаа гостите откако при една контра Саити биеше кон голот на домаќинот, но неговиот удар заврши покрај голот на Сиљановски.

Најзрелата шанса во првиот дел ја имаа домаќините кога во 38. минута Велија од некои шеснаесеттина минута ја погоди пречката на Башкими. До крајот на првиот дел и двете екипи имаа уште по неколку полушанси, но на семафорот останаа почетните 0-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...