Арсими со убедлива победа на тестот против Тетекс

Искористувајќи ја паузата во домашното првенство, екипата на Арсими без поголеми проблеми триумфираше на пријателскиот натпревар против второлигашот Тетекс.

Арсими славеше со убедливи 4-1, со два гола постигнати во првото полувреме на Олаесебикн во 5. минута и Рамадани во 45. минута. А потоа во вториот дел стрелаа и Дардишта во 50. минута и Контрерас во 60. минута од средбата за 4-0.

Тетекс на крај постигна почесен погодок колку за ублажување на поразот.

Се вчитува...