Артета: Дојдовме во Будимпешта по трофејот во ЛШ!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, пред финалето на Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим има можност да испише историја и додаде дека лондонскиот клуб дошол во Будимпешта за да стане европски шампион за прв пат.

Арсенал ја освои долгоочекуваната титула во Премиерлигата, па сега цел е во витрините во Лондон да стигне и „ушкото“.

„Веќе освоивме голем трофеј оваа сезона, сега дојдовме по Лигата на шампионите. Подготовките беа многу добри, играчите се фокусирани и позитивни. Заслуживме да бидеме тука, поради тоа како игравме цела сезона“, рече Артета на прес-конференцијата.

Се вчитува...