Првиот меч меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал заврши без победник, беа досудени два пенали, по еден на двете страни, а тренерите имаа што да кажат за судискиот критериум.
Така, Микел Артета не го криеше разочарувањето што Арсенал не доби и втор пенал во финишот, откако судијата најпрвин покажа на белата точка по стартот врз Езе, но потоа по реакција од ВАР-собата ја промени својата одлука.
„Првиот беше пенал, вториот исто така беше пенал. Можеби во Премиер-лигата немаше да биде досуден, но во ЛШ правилата доследно се почитуваат и мислам дека судиите беа во право. Сепак, разочаран сум бидејќи една судиска одлука промени се во финишот. Требаше да победиме, имаше чист пенал, јасен старт врз Езе. Не разбирам зошто ВАР се вклучи, го повика, па главниот судија 13 пати го гледаше истиот контакт и на крајот реши дека не е доволно за да остане при првата одлука. Таа одлука менува толку многу работи пред реваншот во Лондон, не можам да разберам…“, истакна Артета.
Неговиот колега од спротивната страна, Диего Симеоне, имаше забелешки околу досудениот пенал врз Ѓокереш пред крајот на првото полувреме, со кој Арсенал поведе со 0-1.
„Да се досуди пенал во полуфинале од ЛШ, контактот мора да биде очигледен. Во овој случај, контактот беше минимален, постоеше, но беше минимален. Фудбалерот го очекува тој допир, всушност го чека за да падне. Таков пенал не се суди на вакви натпревари“, прокоментира Микел Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
