Артета: Капа долу за Пеп, Манчестер Сити е најдобриот тим во Европа

Пред дербито во недела на Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити, менаџерот на „топџиите“, Микел Артета, рече дека „граѓаните“ во моментов се најдобриот тим во Европа.

Манчестер Сити во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со десет бода повеќе од своите ривали, Манчестер Јунајтед и Лестер. Покрај тоа, тој се квалификуваше во финалето во Лига купот каде го чека Тотенхем, а исто така се уште е во трка за трофеи во ФА купот на Англија и Лигата на шампионите.

„Мислам дека тие се најдобриот тим во Европа во овој момент“, рече Микел Артета пред неделното дерби.

Артета беше асистент на Пеп Гвардиола пред тој сам да го преземе тимот на Арсенал, па Микел многу добро го познава тимот на Сити.

„Фудбалот што го прикажуваат и низата победи зборуваат сами за себе, што ги прави најдобриот тим“, додаде Микел Артета.

Сити лошо ја започна сезоната во Премиер лигата. Тој претрпе два порази, од Лестер во септември и Тотенхем во ноември, со пет нерешени средби до крајот на годината. Сепак, потоа следеше фантастична серија победи и „граѓаните“ сега убедливо ја предводат табелата во Англија.

Се вчитува...