Арсенал ја започна новата сезона со победа во Премиерлигата славејќи во дербито на првото коло над Манчестер Јунајтед со минимални 1-0 и тоа на тешкото гостување на „Олд Трафорд“.
Дербито го одбележа и дебито на долгоочекуваното и посакувано засилување Виктор Ѓекереш кој минатата сезона постигна 54 голови, а на вчерашниот натпревар не упати ни обид кон противничкиот гол.
„Направи многу добри нешта. Посебно се одразува во нашиот висок престинг ритам кој го бараме, особено во првото полувреме, но и понатаму имаше тука малку повеќе време потрошено па ќе мора да работиме со него. Што се однесува во финиш на акција, немаше многу шанси тоа да го покаже бидејќи во претходните ситуации, пред да треба да ја одигра последната топка имаше 40 метра простор од голот и последната линија на одбраната. Успеавме да најдеме простор за топката и да го искористиме неговиот квалитет. Но, генерално да дојдеш на „Олд Трафорд“ и да победиш во првиот натпревар за Арсенал е добар почеток“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

