Артета: Го проучував секој досуден пенал сезонава во ЛШ… Па, нашиот беше пенал!

Арсенал не успеа да дојде до круната во Лигата на шампионите, по поразот по изведувањето на пенали од ПСЖ.

Но, „топчиите“ останаа револтирани поради недосудениот пенал во продолженијата кој можеше да донесе поразличен европски клупски шампион.

„Не сме стигнале до финалето на Лигата на шампионите цели 22 години. Затоа мора повеќе да ја цениме сезоната што ја имавме. ПСЖ е одличен тим и им честитам. Тие имаат индивидуален квалитет и одличен тренер. Горд сум на мојот тим, знам низ што поминаа. Привилегија е да ги предводам овие играчи. Ја освоивме Премиерлигата, но не стигнавме до најголемиот трофеј во Европа“, рече Шпанецот, осврнувајќи се и на недосудениот пенал по дуелот во кој Нуно Мендес го собори Мандуеке во шеснаесетникот на ПСЖ.

„Лесно можевме да добиеме пенал во продолжението. Ги гледав сите пенали во Лигата на шампионите оваа сезона што беа досудени. Ги гледав последните три дена за да разберам што е пенал, а што не. Ова беше пенал“, рече Артета.

Се вчитува...