Артета: Убаво звучи да се биде тренер на Барселона, но сега сум посветен само на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за поврзаноста со трансферот во Барселона во случај Жоан Лапорта да победи на претстојните претседателски избори во каталонскиот клуб. По големата криза, на транзицијата меѓу минатата и оваа година, младиот стручњак успеа да фати победнички ритам со тимот на „топџиите“.

Иако се поврза со клубот од Калатонија, вели дека е привилегиран и среќен што работи во Арсенал.

„Секогаш има шпекулации кога има избори во Барселона. Тоа е одличен тим. Јасно е дека пораснав таму како играч и дека се уште сум во контакт со клубот, но јас сум фокусиран на тренеската позиција што веќе ја работам, а пред нас има многу предизвици. Јас навистина уживам во Арсенал”, рече Артета.

Микел потенцираше дека се додека е во клубот, ќе се обидува да постигне што е можно подобри резултати.

„Сè што можам да ви кажам е дека сум привилегиран да водам ваков клуб, а во исто време имам чест да седам на клупата на Арсенал”, рече тој.

Артета пристигна во Арсенал во декември 2019 година од Манчестер Сити и има уште две години од договорот со клубот од северен Лондон. Инаку, изборите во Каталонија ќе бидат одржани претстојниот понеделник, па останува да видиме кои промени ќе ги направи новиот претседател на Барселона.

Се вчитува...