Арсенал го победи Вест Хем и се искачи на врвот на премиерлигашката табела, но тој триумф беше скапо платен ако се знае дека капитенот Мартин Едегард заработи нова повреда поради која мораше да биде заменет уште во првото полувреме.
Стратегот Микел Артета не криеше дека е загрижен за состојбата на норвешкиот плејмејкер кого го очекува нова пауза од терените.
„Од она што ми беше кажано, се чини дека беше удар колено во колено. Од она што самиот го видов, можам да кажам дека не изгледа добро за Мартин. Сепак, да ги почекаме резултатите од деталните прегледи“, изјави Артета.
Шпанецот во второто полувреме мораше да го повлече од игра и стрелецот на првиот гол, Деклан Рајс.
„Самиот Деклан ми побара измена, се пожали дека го боли грбот и веќе не може да трча… Ќе видиме што ќе кажат лекарите за неговата состојба“, прокоментира менаџерот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

