Ас на Ливерпул ќе биде прво засилување на Лапорта во Барселона

Задржувањето на Лионел Меси е приоритет за новиот претседател Жоан Лапорта, кој во меѓувреме ги планира и останатите трансфери за нови фудбалери на „Камп Ноу“ во текот на летниот преоден рок. Јасно е дека Барса ќе нема преголем буџет за засилувања поради што погледите ќе се насочат кон „слободните играчи“ на пазарот, а еден од нив е и Џини Вајналдум, холандскиот репрезентативец чиј договор со Ливерпул истекува на крајот од сезонава.

За услугите на Вајналдум се интересираше и Интер, но британските медиуми тврдат дека негова следна дестинација ќе биде Барселона. Според овие извори, Вајналдум ги чекал претседателските избори во каталонскиот гигант, по што експресно постигнал договор со Лапорта да стане прво засилување во ераата на новиот претседател.

Тренерот Куман го бараше Вајналдум и минатото лето, но финансиските проблеми на Барса беа причината овој трансфер да не биде реализиран. Сега кога холандскиот ас е достапен без отштета нема никаква пречка за преселба на Холанѓанецот на „Камп Ноу“, трансфер што според многумина ќе значи и заминување на Миралем Пјаниќ од Барселона.

Лапорта покрај Вајналдум планира да ги доведе и Агуеро и Гарсија од Манчестер Сити, со што Барса би осигурала трио одлични засилувања без никаква отштета.

Се вчитува...