Асенсио донесе триумф на Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид славеше со минимални 1-0 над Хетафе, како загревање за реваншот од полуфиналето во ЛШ против Манчестер Сити што на програмата ќе биде в среда на „Етихад“. Карло Анчелоти реши да одмори неколку првотимци, па и со комбиниран состав дојде до посакуваните три бода благодарение на Асенсио, кој го постигна победничкиот погодок во 70. минута од натпреварот.

Еден Азар по подолга пауза се појави во стартниот тим на Реал, но белгискиот ас ниту против потпросечниот Хетафе не покажа ништо со што би докажал зошто е најплатен фудбалер на „кралевите“ сезонава. Токму по неговото излегување од игра и влегувањето на Винисиус и на Модриќ домашниот тим притисна кон голот на гостите, што резултираше со погодокот на Асенсио во 70. минута.

Неколку минути подоцна Реал постигна и втор гол преку Винисиус, но овој погодок беше поништен со интервенцијата на ВАР-арбитрите.

Се вчитува...