Асенсио е незапирлив, Шпанија поведе и со 4-0

Шпанија на стартот од второто полувреме поведе и со 4-0 на дуелот против Македонија, со вториот погодок што го постигна Марко Асенсио.

Нашите фудбалери наивно загубија топка на средината од теренот, по што казната стигна откако Асенсио тргна во продор од работ на шеснаесетникот, лесно си создаде простор крај нашиот дефанзивец и вторпат на овој натпревар го совлада Алексовски.

Се вчитува...