Асенсио разочаран од Реал, Шпанецот по секоја цена бара нов клуб

Асенсио и Реал Мадрид немаат добар однос, фудбалерот е се повеќе разочаран и сака по секоја да го напушти клубот до крајот на преодниот рок. Проблемот наводно е што на Реал Мадрид не му се допаднал потегот на Асенсио да го ангажира Жорге Мендеш.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не одигра ниту една минута против Алмерија и против Ајнтрахт Франкфурт, а Реал сака да го продаде бидејќи влегува во последната година од договорот. Тој сака да оди на Светско првенство, само што ја врати довербата на Луис Енрике, а ваквиот третман во Реал Мадрид само му го отежнува репрезентативниот статус.

Милан и Ливерпул беа заинтересирани, но веќе се свртеа кон други цели, а Мендеш сака Асенсио да остане уште една година и следното лето да замине како слободен агент.

Се вчитува...