Ашаданов и Митрашиновиќ едногласни: Историска титула, Баскет Кам и следната сезона со високи амбиции

Тренерот на Баскет Кам, Александар Ашаданов не го криеше задоволството од освоената шампионска титула на неговиот тим во македонскиот шампионат.

По освоениот Куп, кошаркарките на Баскет Кам денеска со 3-1 во финалната серија против Бадел ја заокружија и првенствената титула.

„Да не должам многу, чест и задоволство е да бидеш дел од финалето на Првата лига жени. За мене претставува огромно задоволство и се надевам дека и следна сезона ќе бидеме со олку високи амбиции и дека ќе продолжиме со успесите“ – истакна Ашаданов по завршувањето на денешното финале.

Сосема еднакво е размислувањето и на најдобрата кошаркарка на новите шампионки Анџелика Митрашиновиќ, која беше прогласена и за МВП на финалето.

„Можам да кажам дека очекувавме да го освоиме првенството. Можеби малку се опуштивме на првиот натпревар што го игравме во плејофот, со оглед на тоа дека во Купот во финалето ни беше многу лесно. Сфативме дека не можеме да играме така опуштени, се собравме сите заедно како тим и го освоивме шампионатот. Победивме три натпревари во низа, мислам дека со тоа докажавме дека заслужуваме да ја освоиме титулата. Мислам дека со доаѓање на странски играчи, а и репрезентативки лигата се крена на едно повисоко ниво. Драго ми е што се случува тоа во Македонија. Без разлика што ние победивме со 3-1, сметам дека натпреварите беа исклучително интересн за гледање“ – рече Митрашиновиќ.

Се вчитува...