Ашаданов по победата над БИХ: Овие девојки се феномен

Минимална победа на нашите кошаркарки во дуелот со БИХ и тоа на гостински терен, со што женската репрезентација оствари прв триумф по 10 години чекање. На крајот триумф од 68:66.

Селекторот Алексаднар Ашаданов целосно задоволен од резултатот, ги храбри девојките велејќи дека победата е огромна, и дека овие девојки имаат големо срце.

„Со прикажаното ја заслуживме победата. Многу важна за нас, огромна. Ова е наградата за се што вложивме минатиот период. Потајно се надевавме на изненадување, го направивме тоа со целосен македонски ростер, без странски играч што е голема работа. Секоја чест за девојките кои го оставија срцето на теренот. Имаат срце големо како планина. Покажаа дека треба да е верува со нив. Ниту еднаш не игравме со ростер кој сакав да го имаме, така беше и вечерва. Но, овие девојки се феномен, сам по себе. Се издигнаа над сите проблеми и ос ваква кратка ротација победивме селекција која беше во горниот дел на последното Светско првенство. Ова е мотив да работиме уште повеќе. Во недела веќе следува нова тешка битка со Белгија“, рече Ашаданов.

Се вчитува...