Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски и официјално е промовиран во дресот на својот нов клуб, грчкиот прволигаш Ламиа.
Ашковски во летниот преоден рок се раздели со романскиот Сепси и се одлучи да ја прифати понудата на Ламиа каде доаѓа на инсистирање на тренерот на клубот, Италијанецот Џанлука Феста.
„Среќен сум што сум нов член на тимот на Ламиа. Доаѓам во клуб со високи амбиции во навистина силен шампионат. Се надевам дека ќе ги оствариме нашите заеднички цели и тимот ќе го реализара зацртаниот план во новата сезона“ – истакна Ашковски по потпишувањето на двегодишниот договор со грчкиот клуб.
30-годишниот Ашковски претходно во својата кариера има настапи за српските Партизан, Доњи Срем, Нови Пазар и Напредак, норвешки Штромгодсет, турски Кајсери Ерчијеспор, Фортуна Ситард во Холандија, Горник Лехна во Полска, бугарската Славија Софија, тетовска Шкендија како и романскиот Ботошани. Досега има и 15 официјални настапи во дресот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА