Ашковски во одлична форма: Со нов гол донесе победа за Фортуна Ситард

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски игра во одлична форма сезонава во дресот на холандскиот второлигаш Фортуна Ситард.

Ашковски иако во 30. коло од Втората лига на Холандија на гостувањето против ФЦ Ос влезе од клупата во 62. минута сепак повторно се запиша во листата на стрелците и погодувајќи во 81. минута донесе триумф за Фортуна од 1-2.

Неговиот тим имаше и негатива од 1-0, но со голот на поранешниот македонски репрезентативец дојде до посакуваните три бода.

Фортуна Ситард по овој триумф се зацврсти на третата позиција на табелата со 56 бода, четири помалку од второпласираниот НЕЦ, а пет помалку од Ајакс 2.

Се вчитува...