Асот на Црна Гора: Србите може да вредат милиони, ние игравме и против поголеми противници

Србија и Црна Гора во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути на „Маракана“ во Беглрад ќе одиграат меѓусебен одлучувачки натпревар за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.

Црногорците моментално заостануваат два бода зад Србите на табелата со натпревар помалку па и бод во главниот град на Србија носи ситуација во која поранешната југословенска држава самостојно ќе одлучува за пласман на континенталниот собир во последниот квалификациски натпревар.

Од црногорскиот табор средбата ја најави напаѓачот Стефан Мугоша кој вели Црна Гора не се плаши од моќниот српски состав и во Белград оди на победа.

„Се променија работите за Србија по натпреварот во Будимпешта, но кај нас е исто, ние сме фокусирани сами на себе. Србија изгледаше одлично против Унгарија, но и ние ме се предаваме, ќе ја бараме нашата шанса.

Влогот е голем, а со помош на навивачите кои ќе дојдат во голем број можеме до поволен резултат. Игравме и против поголеми репрезентации од Србија па не плашиме. Мораме да покажеме од што се направени Црногорците. Кога играш за репрезентацијата и ја претставуваш својата држава, кога го чуваш и браниш тоа што е свето противникот може да вреди колку милиони и да сака. Таквите споредби не ме интересираат“, изјави Мугоша.

Се вчитува...