Панатинаикос најпрвин го претстави Жељко Обрадовиќ за нов тренер, по што грчкиот гигант тргна во сериозен ремонт на играчкиот ростер.
Прво засилување на ПАО за летово беше Мустафа Фал од Олимпијакос, а вечерва беше договорен и вториот трансфер на „зелените“ од Атина, чиј член станува и асот на Валенсија, Бранкu Бадио. Тој пред неколку месеци потпиша нов договор со Валенсија, но понудата на Панатинаикос беше неодолива, па плејмејкерот го прифати предизвикот да се пресели во Грција и да стане член од овој европски гигант,
ПАО ќе плати 1,5 милиони евра како отштета на Валенсија за овој трансфер, додека Бадио ќе потпише договор на три години, период во кој ќе заработи вкупно 4,5 милиони евра, плус бонуси во зависност од освоените трофеи во наредните сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
