Аспиликуета следната сезона во Барселона

Капитенот на премиелигашот Челси, Цезар Аспиликуета следната сезона ќе биде дел од Барселона, потврдија од шпанскиот „Ас“. Искусниот играч се договори со Каталонците за двегодишна соработка вредна 13.7 милиони евра по сезона.

Дефанзивецот одбележа една цела декада во дресот на Челси во која успеа да стигне до сите можни трофеи. Тој се враќа во домашната за него Примера, по повеќе од една деценија, кога одигра неколку сезони во својот матичен клуб Осасуна.

Се вчитува...