Астана објави дека го раскинала договорот со Ибраими

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, како што е познато, веќе подолг период беше во немилост на казахстанскиот прволигаш Астана, за да денеска самиот клуб објави дека го раскинал договорот со Ибраими.

Како што се пренесува во клупското соопштение „Астана еднострано, во согласност со законот на Казахстан и прописите на ФИФА, го раскинала договорот со Агим Ибраими поради систематско кршење на работната дисциплина од страна на играчот“.

„Фудбалерот цели 28 дена беше отсутен од клубот, игнорирајќи ги постојаните барања од клубот да се почитува меѓусебниот договор“ – се вели во соопштението од Астана.

Но, јасно е дека Астана свесно го отстрани Ибраими од тимот, а преку „повикување на недисциплина“ обидите се да се избегнат финансиските обврски кон македонскиот фудбалер. Меѓу двете страни може да се очекува поведување спор пред ФИФА.

Се вчитува...