Астон Вила стави крај на серијата на лоши резултати од стартот на Премиерлигата откако во 6. коло славеше со 3-1 против Фулам на домашен терен и тоа по целосен пресврт.
Гостите први поведоа преку Хименез уште во 3. минута од средбата, а изедначувањето го донесе Воткинс во 37. минута. Резултатот 1-1 остана на семафорот до 49. минута кога Мекгин го донесе својот тим во водство, а само две минути подоцна Бундиа стрелаше за конечните 3-1.
Three points at home 🏠 pic.twitter.com/8nfi1NxcCw
— Aston Villa (@AVFCOfficial) September 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

