„Астрономскиот договор на Мели, Партизан не може да го плати“

Претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ, ги демантираше наводите од Италија дека клубот е заинтересиран да го доведе Никола Мели.

„Кориере дела сера“ објави дека црно-белите биле подготвени да му понудат на капитенот на „аѕурите“ плата од 2,5 милиони евра, но набрзо следеше демант од првиот човек на Партизан.

На претставувањето на клупскиот календар за 2024 година, Мијаиловиќ истакна дека Партизан никогаш не ни сметал на Мели.

„Ние во клубот никогаш не сме разговарале за Мели, она што би сакал да го кажам е дека сакаме да ги продолжиме договорите на момците на кои им истекуваат договорите, а со кои стручниот штаб е задоволен. Никогаш не се зборуваше за Мели и ние не можеме да го платиме тој астрономски договор во овој момент“, рече Мијаиловиќ.

Се вчитува...