Партизан беше многу блиску до потписот на Армони Брукс, но откако Асвел се вклучи во трката по поентерот на Милано овој американски бек се премисли и на крајот реши да стане дел од овој амбициозен француски проект.
„Црно-белите“ како „план Б“ го имаа австралискиот ветеран Пети Милс, начелно беа договорени и деталите за соработка со овој 37-годишен ветеран, но повторно се пропадна – поради Асвел.
Српските медиуми потврдија дека Партизан бил известен дека Милс сепак нема да се приклучи на српскиот гигант, бидејќи избрал да замине во Франција. Клучен фактор за ваквата одлука бил Тони Паркер, легендарниот плејмејкер кој ќе биде тренер на Асвел во новата сезона.
Паркер своевремено настапуваше заедно со Милс во Сан Антонио спарс, па сега го искористи токму тоа познанство за да го убеди поранешниот соиграч да му се приклучи во Асвел.
Овој тим веќе го доведе Франциско како главна ѕвезда за наредната сезона, но младиот стратег верува дека искуството на австралискиот плејмејкер ќе биде драгоцено за овој амбиџиозен проект во сезоната што следи.
Партизан пак ќе мора да се сврти кон други опции за резервен плејмејкер крај Карлик Џонс, откако Калатес се пресели во ПАОК, а клубот не успеа да ги доведе ниту Брукс ниту Милс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
