Аталанта и Фиорентина одиграа без голови

Аталанта не успеа да ја продолжи победничката серија во италијанскиот шампионат откако одигра 0-0 на домашен терен против Фиорентина. Сега Аталанта заостанува пет бода зад Наполи, кој го чува третото место на табелата, што води во квалификациите на Лигата на шампионите.

Андреа Петања во 77.минута имаше убава шанса за отворање на резултатот, но Татарушани успеа да го одбрани неговиот удар. Фиорентина се наоѓа на осмата позиција на табелата со 42 бода.

Се вчитува...