Аталанта остана без „билет“ за европски настап, Лацио и Фиорентина во успешна мисија за излез во Европа (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа последните натпревари од сезоната во Серија А. Аталанта се лизна на домашен терен против Емполи, па откако изигра 0-1, остана без пласман на европската сцена. Лeo Штулац го „сруши“ сонот на домаќините во 79. минута, успевајќи да постигне гол и да приреди „ладен туш“ на присутната публика.

Јувентус веќе ја има претходно обезбедено својата судбина во ЛШ, па вечрва загуби од Фионрентина со 2-0, во рамки на последното коло од италијанската Серија А, па на некој начин им „подари“ бодови на „виолетовите“ за сега да имаат одлична шанса за настап во Европа.

Лацио ја исполни својата цел, победа или реми му беа доволни за да обезбеди настап на европската сцена. Фудбалските фанови во Рим имаа прилика да уживаат во одличен натпревар со Верона. Гостите брзо поведоа со два гола разлика, но до крајот на првото полувреме тимот од Рим се врати и изедначи на 2-2.

Вториот дел за момент припадна на домаќините, но гостите се вратија во игра за конечен резултат од 3-3.

 

 

Се вчитува...