Аталанта во првите 15 минути постигна четири гола за триумф над Болоња (ВИДЕО)

Аталанта убедливо со 4-1 славеше против Болоња во 30. коло од Серија А, со што и натаму ја продолжува трката, пред се со Милан и Интер, за четвртата позиција на табелата која носи во Лигата на шампионите следната сезона.

Интересно домашните сите четири погодоци на мечот ги постигнаа во првите 15 минути. Најпрво, словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ стрелаше во 3. и во 5. минута. А, потоа Хатобер погоди во 9. минута и Запата заокружи со гол во 15. минута.

Гостите успеаја единствено да постигнат почесен погодок преку Орсолини во 54. минута од средбата.

Аталанта сега со 51 бод повторно е на петтата позиција, само бод помалку од четвртопласираниот Милан.

Се вчитува...