Аталанта продолжи со победи, Рома се врати на успесите

Аталанта ја продолжува победничката низа по рестартот на Серија А, славејќи на домашен терен против Сампдорија со 2-0. Рафаел Толои и Луис Мјуриел беа стрелци на головите за тимот од Бергамо кој се искачи на третата позиција на табелата пред Интер.

Рома по три последовни порази успеа да слави триумф над Парма од 2-1. Јурај Кучка ја доведе Парма во водство со успешно реализиран пенал во деветтата минута, а Хенрик Мхитарјан израмни пред крајот на првото полувреме.

Џордан Верето во 57.минута го постигна победничкиот гол за Рома.

Сасуоло славеше со 1-2 на гости против Болоња, а Торино ја победи Бреша со 3-1.

Се вчитува...