Атаман добива отказ, и повторно актуелно едно име – Желимир Обрадовиќ!

Дојде времето на разделба на Ергин Атаман и на Панатинаикос. Турчинот веројатно нема да го води клубот идната сезона, откако ја загуби титулата и во грчкиот шампионат.

Грчките медиуми сметаат дека Атаман е веќе поранешен на клупата на атинските „зелени“, и дека претседателот Димитрис Јанакупулос веднаш ќе го побара Жељко Обрадовиќ и ќе го врати на клупата.

Темата за „кам-бек“ на најтрофејниот тренер во Евролигата во Атина постои некое време, но сега работите почнуваат да се редат, откако навивачите очекуваат идната сезона да биде уште поуспешна.

Обрадовиќ со Панатинаикос освои пет трофеи во Евролигата, и натаму е омилен меѓу фановите, па токму од тука логично е тој да биде првиот избор за предводник на овој клуб.

Се вчитува...