Атаман ги одбројува последните часови во Панатинаикос

Судбината на Ергин Атаман во Панатинаикос наскоро треба да биде позната, а тоа е отказ за трофејниот турски тренер.

Денешниот тренинг на клубот е откажан, поради тоа што турскиот стручњак ќе одржи состанок со Димитрис Јанакопулос.

Медиумите таму нашироко пишуваат дека часовите на Атаман на клупата на атинските зелени се одбројани, па само прашање на време е кога и официјално ќе биде објавено дека тој повеќе не е тренер на клубот.

ПАО не успеа да се пласира на Ф4 турнирот во Евролигата, откако испушти предност од две „брејка“ (2-0) во серијата против Валенсија во четвртфиналето.

Се вчитува...