Атаман гледал некој друг меч: Србите не играа кошарка, туку американски фудбал

Турскиот селектор Ергин Атаман е познат по тоа што често ги критикува судиите, но стратегот на Анадолу Ефес се надмина себе си по дуелот со Србија.

Имено, Турција се врати во мечот по бројни чудни судиски одлуки, кои донесоа нервоза меѓу српските кошаркари и технички грешки за Лучиќ и за Јокиќ, но Атаман по мечот изјави дека судењето на овој натпревар било во корист на гостите.

Џеди Осман беше трагичар со две лични грешки во напад кои беа очигледни, но Атаман имаше свој коментар и за овие ситуации.

„Мислам дека одлуките на судиите во последните три минути беа неверојатни. Па не може така да не ја почитуваат Турција. Се надевам дека судиската комисија на ФИБА посебно ќе ја анализира последната четвртина од овој натпревар. Србите се бранеа како да играат американски фудбал, а не кошарка. За жал, судиите ја одлучија судбината на овој натпревар“, изјави Атаман.

Се вчитува...