Атаман носи турски центар од НБА во Панатинаикос

Панатинаикос е на добар пат да стигне до големо засилување на центарската позиција откако актуелниот шампион на Евролигата влезе во финални преговори за ангажман на Омер Јертсевен.

Турчинот по фантастичните настапи во младинските конкуренции доби шанса во првиот тим на Фенербахче како 15-годишник, а настапуваше за овој тим од 2013 до 2016 година пред да се пресели во Соединетите американски држави со цел да настапува во колеџ лигите.

И покрај тоа што не беше драфтуван доби шанса во НБА лигата настапувајќи за Мајами и Јута, а е без договор откако Џез се одлучија да го отпуштат по незагарантираната втора сезона.

 

Се вчитува...